More

    Ватикан се понуди да посредува меѓу Русија и Украина

    spot_img

    Ватикан е подготвен да посредува во преговори меѓу Москва и Киев и ја нуди својата територија како неутрално место за нивно одржување, пишува италијанскиот весник „Стампа”.

    Според весникот, тоа било соопштено по средбата меѓу папата Франциск и францускиот претседател Емануел Макрон на 24 октомври.

    – Ватикан ги интензивира политичките напори за решавање на украинскиот проблем. Судејќи по сè, уште еднаш изрази подготвеност, од една страна, да дејствува како посредник, а од друга страна, ја предложи својата територија како неутрална платформа за преговори за решавање на конфликтот – се наведува во написот.

    Папата Франциск и при враќањето од Бахреин, изјави дека Ватикан „работи на зближување и изнаоѓање решение” за прекин на конфликтот во Украина.

    Ватикан во неколку наврати соопшти дека Светата столица е подготвена да направи сè што е можно за да се воспостави дијалог меѓу Русија и Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img