Вашингтон бара слобода за рускиот опозициски лидер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Меѓународната заедница ќе ја повика Русија на одговорност за тоа „што се случува“ со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој речиси три години е во затвор, соопшти синоќа американскиот Стејт департмент.

Веќе десетина дена, адвокатите и соборците на Навални за него немаа никаква информација.

– Комунициравме со руската Влада дека тие се одговорни за тоа што се случува со Навални и дека ќе бидат повикани на одговорност од меѓународната заедница – соопшти синоќа портпарол на Стејт департментот.

Од Вашингтон укажаат дека силно го осудуваат континуираното злонамерно таргетирање на Навални, Владимир Кара-Мурза и повеќе од 600 други политички затворници кои Русија неправедно ги држи во затвор.
– Ќе продолжиме внимателно да ги следиме нивните случаи и повикуваме на ослободување на сите кои се неправедно задржани – соопштија од Стејт департментот.

Претходно, и Белата куќа изрази загриженост за исчезнувањето на Навални, кој според неговите соборци не се знае каде е, дали е преместен во друга затворска колонија, додека неговите адвокати во Русија комуниицираат со затворските власти, но без успех.

Неговото исчезнување се поклопи со најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе се кандидира на следните претседателски избори во Русија. Ден пред тоа Навални од затворт ги повика Русите масовно да не гласаат за Путин и да се запре војната во Украина.

– Тој треба да биде ослободен веднаш. Тој не требаше воопшто да биде ставен во затвор. Работиме со нашата амбасада во Москва да видиме колку може да дознаеме – изјави неделава Џон Кирби, претставник на Белата куќа.

Во 2021 година Навални беше осуден на деветгодишна казна затвор под обвиненија за измама и непочитување на судот. Годинава пак, тој доби плус 19 годишен затвор по тужби за екстремизам.

Share This Article