Полска уапси 9 лица во врска со саботажи извршена низ земјата по наредба на руските служби, изјави полскиот премиер Доналд Туск. Варшава тврди дека нејзината улога како центар за снабдување на Украина ја направи Полска клучна цел за руското разузнавање и ја обвинува Москва дека се обидува да ја дестабилизира земјата.
– Досега уапсивме 9 осомничени и обвинети за учество во саботажа во Полска директно во име на руските служби. Ова вклучува тепање, подметнување пожари и обид за палење пожари – изјави Туск за приватната ТВН24.
Полскиот премиер рече дека Полска соработува со своите сојузници во ова прашање и дека операциите имале влијание и врз Литванија, Латвија, а можеби и Шведска.
Туск претходно овој месец изјави дека Полска ќе додели дополнителни 100 милиони злоти (23,5 милиони евра) на своите разузнавачки служби поради руската закана.
Во април, две лица беа уапсени во Полска под сомнение дека го нападнале Леонид Волков, главен помошник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални во егзил.