Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи во Тирана изјави дека напаѓачите на косовската полиција мора да бидат изведени пред лицето на правдата, неопходно е намалување на тензиите и враќање на дијалогот меѓу Србија и Косово.
Нашиот став беше многу јасен. Мора да имаме целосно намалување на тензиите меѓу Белград и Приштина, потоа треба да го обновиме дијалогот и да донесеме резултати со примена на претходните договори, вклучително и оние во Охрид, рече Вархељи на средбата на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Берлинскиот процес.
Сите овие сторители мора да бидат изведени пред лицето на правдата, а српските власти мора целосно да соработуваат со ЕУ за ова прашање, рече Вархељи.
Вархељи рече дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува регионот на Западен Балкан, најавувајќи дека Европската комисија ќе усвои план за забрзана интеграција на Балканот на европскиот економски пазар.
Донесуваме важно финансирање на приватниот сектор за да ги трансформираме вашите економии, правејќи ги попривлечни за инвестиции. Инвестиравме милијарда евра за да им помогнеме на ранливите граѓани да се справат со екстремното поскапување, потсети Вархељи.