More

    Вархеји се сретна со лидерите од Западен Балкан

    spot_img

    Нема оправдување Западен Балкан да не биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година, им рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Талат Џафери, Александар Вучиќ, Еди Рама, Албин Курти, Бојана Кришто и Милојко Спајиќ на самитот во Котор во Црна Гора, пишува Дневни Аваз.

    Вархеjи рече дека Планот за раст на ЕУ е реалност, чија реализација е веќе започната.

    – Се чини дека регионот не само што го чувствува тоа, туку и разбира и дава резултати – рече тој.

    Тој додаде дека Планот нуди сериозна понуда за регионот и дека „затоа е многу среќен што слуша дека Балканот е оптимист“.

    Тој вели дека следната Европска комисија „треба да биде проширена Европска комисија“.

    – Проширена, која би имала нови членови до крајот на мандатот. Сосема сум сигурен дека, со сето она што го направивме во овој мандат, Западен Балкан ќе биде дел од тоа проширување – рече Вархеји, а потоа продолжи:

    – Со алатките што ги имаме, до 2027 година Западен Балкан ќе добие исто или споредливо ниво на помош како сегашните корисници на нашиот фонд, тоа значи дека ќе достигне 90 проценти од интензитетот на помошта… Нема да има оправдување за Западен Балкан да не биде подготвен до 2027 година за влез во ЕУ – додаде тој.

    Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан кој исто така приуствува на Самитот на лидерите на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор изјави дека му се допаѓа Планот за раст на ЕУ.

    – Целта е луѓето, стоките и услугите да се движат безбедно, поевтино и побрзо од порано. Убавината на Планот за раст е што пораката е јасна за секој учесник – работете ја вашата работа и не барајте некој друг да направи нешто прво, за вие да ја завршите вашата работа – рече О’Брајан.

    ЕУ планира 6 милијарди евра помош за Западниот Балкан, од кои 850 милиони евра се наменети за Македонија, а првата пратка за Македонија се очекува овој септември.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img