Скопски Вардар денеска излезе со соопштени до јавноста во кое од клубот прашуваат, дали има поента да се доигра оваа сезона?
„По којзнае кој пат сезонава сведоци сме на катастрофално судење и калкулантско досудување пенали на директните ривали, па по неполн месец од досудување на еден од најскандалозните пенали за екипата на Воска денеска повторно на идентичен начин е подарена победата со непостоечки пенал кој што во најмала мера е комичен како што може да се уверите во видеата.
ФК Вардар јавно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Мухамед Сејдини и челниците на судиската комисија дали оваа сезона има однапред решени финални позиции на табелата“, се вели во соопштението.
Од редовите на црвено-црните прашуваат дали најтрофејниот клуб на Македонија е трн во око некому и дали тимот треба да ја напушти првата лига?