More

    Вакцини за грип има за 60.000 ранливи граѓани

    spot_img

    Со 60.000 вакцини против сезонски грип ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои се таргет на Министерството за здравство, изјави ресорниот министер Беким Сали.

    – За прв пат по неколку години имаме навремена набавка на вакцини за сезонски грип. Имаме околу 40.000 вакцини што ги набави Министерството за здравство и 20.000 се донации од организацијата ПиВи. Годинава продолжуваме со динамиката од минатата година, со 60.000 вакцини, ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои секоја година се цел на Министерството за здравство. Станува збор за пациенти над 65 години, трудници, деца до шест години, пациенти со хронични заболувања – рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, каде беше пуштен во употреба нов најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури.

    Министерсот упати апел граѓаните од овие ранливи категории да почнат со пријавување во системот за закажување вакцинација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img