Две дози на Pfizer / BioNTech против ковид-19 се покажаа како ефикасни во спречувањето на развојот на тешка болест кај деца на возраст меѓу 5 и 11 години, откако преовладуваше варијантата омикрон, но беше откриено дека брзо ја губат заштитата од инфекција во оваа возрасна група.се научници од Универзитетот во Њујорк.
Според истражувањето кое сè уште не поминало рецензија, ефективноста на вакцината во спречувањето на инфекцијата е намалена од 68 проценти во средината на декември на 12 проценти на крајот на јануари, во споредба со невакцинираните деца.
Во возрасната група од 12 до 17 години, ефективноста во спречувањето на инфекцијата се намалила од 66 отсто на 51 отсто во истата временска рамка. „Овие резултати укажуваат на потребата да се најдат различни начини за дозирање вакцини за децата и важноста од користење на повисоки нивоа на заштита во спречувањето на инфекции и пренос на болести, како што е носењето маски“, велат истражувачите.
Во јануари беше откриено дека вакцината е 48 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација на помладата популација и 73 отсто за адолесценти. Во средината на декември ефикасноста беше 100 отсто кај децата и 85 отсто кај адолесцентите, што значи дека во меѓувреме е ослабена.
Др. Пол Офит, експерт за детски заразни болести во детската болница во Филаделфија, се сомнева дека податоците се доволно веродостојни за да зборуваат за драстично намалување на ефикасноста на вакцините, особено против тешките форми на болеста. „Не е изненадувачки што заштитата од блага форма на болеста слабее“, рече Офит. „Знаеме дека омикрон добро го избегнува имунитетот. Целта на вакцината е да ги заштити децата од хоспитализација поради тешка болест“.
Офит рече дека бројот на хоспитализирани е премал за да се извлечат заклучоци и дека нема доволно податоци за причините за хоспитализација на децата. Тој посочи дека веродостојноста на резултатите ја нарушува заштитата предизвикана од претходна инфекција кај невакцинираните лица. „Природната инфекција може да заштити од сериозни болести“, рече тој.
За разлика од децата на возраст од 12 до 17 години и возрасните, кои примаат дози од 30 микрограми од вакцината и можат да се вакцинираат со третата доза, помалите деца добиваат доза од само 10 микрограми. Од „Фајзер“ велат дека ги проучуваат можностите за вакцинирање на педијатриската популација со режим на три дози и посочуваат дека истражувањата кај возрасните укажуваат дека вакцинираните со три дози имаат повисок степен на заштита.