Шпанецот Карлос Алкараз го заврши настапот на турнирот во Синсинати откако загуби од Французинот Гаел Монфис. За него ова беше прв турнир на бетон по поразот во финалето на Олимписките игри во Париз од Новак Ѓоковиќ.
Алкараз во налет на бес го искрши рекетот.
– Беше толку фрустрирачки што не сакав повеќе да бидам на терен. Едноставно, не можев да играм. Не знам што се случи. Но, некогаш луѓето ја губат контролата. Сега бев тоа јас. Неколку пати го имав тоа чувство да сакам да го искршам рекетот. Никогаш тоа претходно не ми се случило, затоа што во такви ситуации бев во состојба да се контролирам. Главно ми успева да се контролирам, но сега веќе не можев. Дојдов до момент кога не можев да се контролирам –изјави шпанскиот тенисер по мечот.
Алкараз загуби со 2:1 во сетови.
Code violation warning for racket abuse for Carlos Alcaraz as he smashes his racket on the floor when Gael Monfils holds for 3-1. Rare to see Carlos this frustrated. pic.twitter.com/dJkAwjyvcN
— edgeAI (@edgeaiofficial) August 16, 2024