„Вака ли ќе градиме социјален дијалог?“, прашува УПОЗ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синдикатот на УПОЗ реагира на заклучокот на Владата со кој се задолжуваат буџетските корисници при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства, а јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост да бараат мислење од Министерството за финансии.

„Некој повторно сака да ги ограничи преговорите и потпишувањето на колективни договори! Како да не се научија грешките од минатото? Дали на повидок е уназадување на правата кои произлегуваат од колективните договори? Со заклучок од седница на Влада, министерот за финансии повторно ќе одлучува кој ќе може, а кој не ќе може да склучи колективен договор? Вака ли ќе градиме социјален дијалог?“, прашува Синдикатот на УПОЗ во објава на Фејсбук.

Владата во вторникот го усвои ребалансот на Буџетот, а министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во средата на прес-конференција информираше дека се усвоени и неколку заклучоци.

Со заклучоците буџетските корисници се задолжуваат при склучување на колективните договори да ги имаат предвид одобрените буџетски средства и да не преземаат обврски за кои немаат обезбедено средства во буџетот за тековната година и утврдените максимални износи на расходи на среден рок.

Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост при склучување на колективните договори треба да побараат мислење од Министерството за финансии.

Оние буџетски корисници кои остваруваат самофинансирачки активности и имаат неискористени средства во форма на салдо на сметки, тековното работење на институцијата наместо со буџетски средства да го финансираат со користење на средства од сопствените сметки.

Денеска и министерот за здравство Арбен Таравари изјави рече дека годинава не ќе може да се потпише колективниот договор за здравството и да се исплати зголемување на платите на здравствените работници.

Share This Article