More

    Вака Ковачевски и Столтенберг ја оценија изјавата на Зеленски поврзана со Западен Балкан

    spot_img

    Македонија е безбедна земја, нема закана за нас и стабилноста, изјави премиерот Ковачевски на заедничката прес конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој е во дводневна посета во Скопје.

    – Ние и земјите членки на НАТО се бориме против руското влијание , но сите субјекти и политички чинители имаат обврска да придонесуваат за мирот и стабилноста. Секако дека постои руско влијание во регионот и секогаш се способни да пронајдат свои истомисленици во политички партии или поединци, но тие не се на приближно ниво со она што ние го поседуваме и нашите безбедносни служби, за да претставуваат некоја закана за нашата земја – рече премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

    И генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг не гледа воена закана од Русија против која било земја членка на НАТО, но рече дека внимателно се следат чекорите на Москва.

    – Внимаваме што се случува и сме подготвени да се засилиме, и се што е потребно за да го одбраниме секој сојузник од воена закана. Продолжуваме да ја повторуваме пораката кон Русија да се воздржат од агресивните дејства против соседите и да ја престанат воената агресија кон Украина. Една од причините поради која Путин влезе во војна е да ја спречи Украина да влезе во НАТО, сакаше НАТО да гарантира дека нема да се шири, но тој добива токму спротивното, повеќе НАТО во источниот дел од Алијансата, а добива и нови членки Финска и Шведска –  додаде Столтенберг.

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата рече дека Република Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО. Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Македонија може да се потпре на НАТО.

    – Вие придонесувате кон безбедноста и стабилнпста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово, Решени сте да дојдете до два проценти од БДП потрошени на одбраната до следната година, а Северна Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина. Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност силидарноста на НАТО на дело – нагласи Столтенберг.

    Тој посочи дека безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО и, како што рече, тука има причини за загриженост.

    – Во Бих се појавија тензии и тука ги охрабрувам политичките лидери да се воздржат од поделбени и сецесионистички реторики, и наместо тоа да ги концентрираат своите напори на помирување и на мирна иднина. Во Косово неодамна видовме инциденти со сериозно насилство. Белград и Прштина мора да се впуштат во дијалогот којшто е олеснет од ЕУ затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до решението ќе ги почитува правата на сите заедници – порача Столтенберг на прес-конференција во Владата.

    Премиерот Ковачевски од своја страна истакна дека Северна Македонија како членка на НАТО продолжува да вложува во јакнење на капациеттите во задржување и јакнење на статусот на сојузник од доверба во Алијансата.

    – Како најмлади членки се посветивме и ја постигнавме воената интеграција од било која претходна земја-членка која се приклучила на Алијансата – истакна Ковачевски.

    Според него, стабилноста на регионот е исклучително и суштински важно и тоа повеќе од кога било досега.

    – Токму затоа наш приоритет е евроинтеграцијата. Пред сѐ на Северна Македонија, но и на регионот. Не смееме да имаме пречки и кочници на тој пат и ќе направиме се што е потребно да го исчекориме до крај, се до нашето членство во ЕУ во 2030 година – рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО во Владата.

    Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по официјалниот пречек, одржаа тет-а-тет средба, по што заедно со делегациите одржаа билатерална средба.

    Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваа и министрите за надворешни работи, Бујар Османи, за одбрана, Славјанка Петровска и за внатрешни работи, Оливер Спасовски, беше потврдена улогата на Северна Македонија како ценет НАТО сојузник, земја членка која дава значаен придонес во остварувањето на целите на НАТО и останува посветена на учеството во операциите и мисиите на Алијансата.

    На средбата, се наведува, беа посочени и конкретните политички и економски придобивки за земјата од членството во НАТО. Премиерот Ковачевски истакна дека стабилноста и безбедноста овозможена преку членството во НАТО е од огромно значење за развој на економијата и е директна придобивка и за граѓаните и за компаниите во Северна Македонија.

    „На средбата, соговорниците посочија дека е исклучително важно и за земјата и за регионот што Северна Македонија, рамноправно на иста маса со сојузниците активно учествува во дискусиите за регионалната, европската или глобалната безбедност, споделувајќи го својот специфичен пристап на конструктивно решавање на предизвици преку отворен дијалог, што е основа за градење и развивање добрососедски односи“, се наведува во соопштението.

    Северна Македонија во 2020 година стана 30-тата членка на НАТО – најмоќната Алијанса во светот. Заедно со останатите земји-членки го обезбедува мирот и стабилноста на околу една милијарда граѓани во светот кои ги споделуваат истите вредности, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img