„За што по ѓаволите врескате како жени? Затворете ја устата и однесувајте се соодветно, зошто сите врескате?“.
Вака вели човек во униформа кон толпата која треба да биде мобилизирана во регрутен центар. Видеото се прошири на социјалните мрежи. Новинарот Патрик Ривел од Еј-Би-Си Њуз го сподели на Твитер.
– Сега сте во војска. Тоа е тоа, игрите завршија. Сега сите сте војници! – додава човекот, додека се гледаат насобраните мажи кои гласно го изразуваат незадоволството.
– Тука сте три дена. Потоа летате, а тренинзите започнуваат за две недели. Потоа, тука е екипирањето на единиците. Ќе ви платат како да сте на договор, во зависност од вашиот чин. Ќе добиете борбена плата, статус на ветеран, сè до крајот на специјалната операција, а потоа си одите дома – вели регрутерот.
– Нема да бидете отпуштени од работа, вашите работни места се резервирани – додава тој.