Вака изгледа како живееле познати наркомафијаши во Србија (Видео)

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Луксузни станови со свои теретани, кожни гарнитури, опремени со слики и скулптури. Вака изгледа снимката која ја објави српското Министерство за внатрешни работи од апсењето на 13 лица од познат балкански наркокартел кој во изминатите седум години успеал да испорача седум тони кокаин во Европа.

Кај уапсените полицијата пронашла и запленила поголема сума на пари, евра, динари и други валути. Имало и скапоцени Ролекс часовници. Се апсело во Белград, Ниш, Лазаревац, Суботица и Зрењанин.
Се работи за група од 20 лица осомничени дека се вмешани во набавка и транспорт на кокаин од Јужна Америка кон Западна Европа и кон Србија. Станува збор за 5 тони кокаин запленет на Аруба, 1,2 тони во Белгија, 740 килограми во Ротердам. Пронајдено е и оружје.

Акцијата била извршена во соработка со Европол.

Како што пишуваат српските медиуми, меѓу уапсените се Драган Ѓорѓевиќ Гага, Глигорије Пелјевиќ, Младен Лазаревиќ, Мирослав Старчевиќ …

– За успешна борба против организираниот криминал потребна ни е меѓународна акција – рекол шефот на УКП Нинослав Цмолиќ.

Share This Article