Руската паравоена група „Вагнер“ соопшти дека ја презела градската управа во Бахмут и дека го контролира градот „во правна смисла“, додека украинската страна објави дека сè уште има контрола врз градот на истокот на земјата. Непријателот е концентриран во западните области“, изјави утринава на Телеграм лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Неколку часа претходно украинскиот Генералштаб го соопшти спротивното. „Непријателот не го запре нападот на Бахмут. Сепак, украинските бранители храбро го држат градот, одбивајќи бројни непријателски напади“, објави украинскиот Генералштаб на Фејсбук.
Најдолгата битка од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година се води околу Бахмут.
Градот, кој сега има најмногу 4.000 жители во споредба со 70.000 пред инвазијата, во голема мера е уништен.