Вагнер ќе дејствува за голема Русија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, во најновата гласовна порака објавена денеска наведува дека неговата воена организација во моментов не регрутира нови борци, но веројатно тоа ќе го направи во иднина.

– Денеска ги дефинираме нашите следни задачи, чија рамка станува се појасна. Без сомнение, тоа се задачи што ќе се извршуваат во името на големата Русија – порача Пригожин во гласовната порака објавена на „Греј зона“ на каналот Телеграм, што е поврзан со организацијата Вагнер.

Иднината на групата Вагнер и на Пригожин е нејасна откако на крајот на јуни се случи краткотрајниот бунт против рускиот воен естаблишмент, а официјален Кремљ подоцна прифати тој и некои од неговите борци, кои учествуваа во некои од најжестоките битки во Украина, да се префрлат во Белорусија, наведуваат британските медиуми.

И покрај бунтот, по само пет дена Пригожин беше поканет на средба со Владимир Путин, а минатата недела беше фотографиран во Санкт Петербург, каде што рускиот претседател беше домаќин на африканските лидери за време на Самитот Русија-Африка.

Share This Article