В недела доаѓаат поројни дождови во регионот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

До недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на веќе споменатиот екстремно топол бран кој продира од северните предели на Африка кон нашата територија, но и на територијата на целиот регион, предвидува познатиот метеопрогнозер Славчо Поповски. Температурите насекаде во Македонија од денес, па сè до недела ќе надминуваат 30 степени, додека во поголем дел од државава тие ќе се искачат и до околу 35 степени а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина локално тие ќе надминуваат и 40 степени.

Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 9 и 10, па поради ова апелираме граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.

Меѓутоа, веќе во недела во Македонија и тоа поради влијание на висински циклон кој ќе биде со центар над Средоземјето во попладневните и во вечерните часови атмосферата позначително ќе се дестабилизира, па така на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата, и тоа токму поради повеќе дневниот екстремно топол бран од Африка, локално се очекува појава на силно невреме со обилен пороен дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер како и со појава на град кој во ваква ситуација големи се условите тој да биде и крупен.

Дури постои опасност од појава на Суперќелиски облаци како во Македонија, така и во регионот за време на викендот кој доаѓа. Ваквите Суперќелии би можеле да предизвикаат дури и појава на торнадо или пак да предизвикаат штети во одредени области.

Share This Article