Во јануари од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 546.045.000 евра што претставува пораст од 3,6 отсто во однос на истиот период лани, а увезена е стока во вредност од 806.610.000 евра што е пораст од 29,3 отсто, покажуват податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит во јануари изнесува 260.565.000 евра, а покриеноста на увозот со извозот изнесува 67,7 отсто.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење за возила, авиони или бродови и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени електричната енергија, нафтените масла и металите од платинската група и нивни легури.
Најмногу во овој период се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.