Утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првпат во историјата на македонското здравство, утрово од еден дарител беа експлантирани четири органи во еден акт, информираат од Министерството за здравство.

– Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната  љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези – се вели во соопштението од МЗ.

Оттаму додаваат дека дополнитено шанса за поквалитетен живот наредниве денови ќе добијат пациенти со коскени заболувања.

– Уште еднаш благодарност до семејството на донорот кои со нивната несебична одлука ни донесоа утро полно надеж и верба во безусловна добрина. Благодарност до сите медицински тимови кои изминативе 24 часа работеа и се уште работат на скопските хируршки и интерни клиники. На пациентите кои добија органи им посакуваме брзо опоравување. Горди сме на секој нов успех во македонското здравство – велат од министерството.

Share This Article