More

    Утрово најстудено е на Попова Шапка, а најмногу дожд наврна во Претор

    spot_img

    Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Претор со 22 литри на квадратен метар, во Охрид 17, во Тополчани 14, во Лазарополе и Прилеп 12, во Крушево 11, во Битола 10, во Штип 7, во Виница 6, во Дебар и во Маврови Анови 5 литри на квадратен метар. Најмалку дожд наврна во Скопје-Петровец, Кавадарци, Велес и Пожаране, само 1 литар на квадратен метар.

    Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка, 5 степени, а најтопло во Демир Капија и Гевгелија, 15 степени.

    Во текот на ноќта времето беше умерено до значително облачно. Од раните утрински часови на повеќе места има врнежи од дожд, кои локално во југозападниот дел од земјата беа пообилни, проследени со појава на грмежи. Дува слаб до умерен, на места засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој во Крива Паланка надминува брзина од 45 километри на час.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа, особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на квадратен метар), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img