Во Крушево утрово во 8.30 часот измерена е температура од 21 степен Целзиусов. Градот што се наоѓа на највисока надморска височина и за кој се вообичаени многу пониски температури и во најжешките летни денови, утрово е најтопол град во Македонија, потопол дури и од Гевгелија каде утрово се измерени 20 степени.
Истата температура е измерена и во Дојран, Демир Капија, Кавадарци, Виница, Скопје – Зајчев Рид, но и во Маврови Анови.
Најсвежо утрово е во Берово каде се измерени 13 степени.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 36 до 42 степена, а УВ индексто ќе изнесува 10.
Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне 40 степени.