Утре премиера на „Женска гардероба“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Театар Комедија утре вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки автор Арношт Голдфлам.

Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на 4 актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува е нивната заедничка гардероба зад сцената, и театарот воопшто, со сета негова магија и страст.

Улогите ги играат: Жаклина Стевковска, Жаклина Петровска Милјановска, Ева Скендеровска, Тања Мицков и Тони Денковски. Автор на музиката за претставата е Ристо Вртев, костимографијата е на Ивана Каранфиловска Угуровска, сценограф е Војдан Запров, а дизајнер на светло Милчо Александров. Асистент на режија е Иван Вртев, а драматург е Благица Секуловска.

Оваа современа комедија е во продукција на Театар Комедија, Амбасада на Република Чешка, МА2К Invest S.P.O. и SOR Libhavy OOD.

Претпремиерата ќе се одигра вечерва, првата реприза е на 28 октомври, а следна изведба на „Женска гардероба“ е на 1 ноември.

Share This Article