Утре, во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци, информираше Град Скопје преку соопштение.
„Авионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во раните утрински часови. Терестичната дезинскција (прва фаза) на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во текот на денот. Доколку временските услови не се поволни т.е. не го дозволуваат вршењето дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, во истите термини, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, соопшти Град Скопје.