Утре ќе има стабилизирање на времето, а в недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што најавуваат од УХМР, во југоисточните делови на земјата процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.
Во понеделник претпладне сè уште ќе има локален дожд, а потоа времето ќе биде
претежно стабилно со постепен пораст на дневната температура.