More

    Утре и во среда дожд, потоа следува период на релативно топло време

    spot_img

    Следува период на релативно топло време. Утре и во среда ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, краткотрајно поројни и повремено проследени со грмежи.

    Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите потоа времето ќе биде стабилно со постепен пораст на температурата.

    Денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

    Утре (вторник) ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, која попладне ќе биде поголема кога ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img