More

    Утре е неработен ден, ќе се одбележи Денот на македонската револуционерна борба

    spot_img

    На 23 октомври 2024 година, во 13:00 часот, по повод државниот празник 23 Октомври – Ден на Македонската револуционерна борба ќе се одржи Свечена академија под слоганот „Завет кој обврзува” во Музејот на македонската борба за самостојност на која што свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

    Владина делегација во 11:00 часот ќе положи свежо цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО кој се наоѓа во Жена-парк Скопје.

    Со овој празник се оддава должна почит за сите жртви и напори кои се дадени во борбата за самостојност и организираното делување во насока стекнување на независност, слобода и удирање на темели на сопствена македонска држава.

    Воедно на овој ден во 1893 година е формирана Македонската револуционерна организација која претставува главната сила во организираниот отпор насочен за ослободување.

    Овој празник претставува завет на многу генерации кој обврзува за достојно, суштествено и активно делување во изградба на современа, силна и просперитетна држава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img