Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Стратегијата за инклузија на Ромите за периодот 2022 -2030.
– Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 во Република Северна Македонија е дел од јавните политики на државата за изедначување на степенот на вклученост и интеграција на ромската заедница со сите етнички заедници – информира владината прес-служба.
Стратегијата и инвестирањето во развојот на ромската заедница, како што стои во соопштението, има долгорочни придобивки и е во согласност со постигнувањето на одржливите развојни цели на ОН.