More

    Уставните промени не се ни европски ни демократски, рече Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Не може од преамбулата на Уставот да правиме именик, не смее патот за Брисел за Македонија да води преку Софија, ние ги штитиме и мора да ги штитиме Копехагенските критериуми, зашто ако прифатиме пат во ЕУ со посебни критериуми и преседани, тоа ќе има последици и за следните земји кандидати. Камбаните овојпат бијат за Македонија! Крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава, и затоа овој предлог нема да го поддржиме. Наместо за уставни измени, треба да зборуваме за предвремени избори, зашто оваа влада целосно се делигитимира – изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, професорка по право., во собраниската расправа за предлогот за утврдување потреба од измени на уставот.
    Силјановска зборуваше за правото на немешање во внатрешните работи, кое е и европско право, ги цитирарше принципите од Повелбата на ЕУ во кои тоа се гарантира, како и за заштитата на правата на националниот малцинства, културното наследство и етнички идентитет. 

    Таа рече дека постојаното менување на уставот не е европски принцип, туку во случајов на Македонија станува збор за „уставен садо-мазохизам“.

    – Што би рекол денеска господин Бадентер, некогашниот претседател на ЕК? Тој уште во 1992 година, кога уште уставот не беше „изладен“, препорача веднаш да усвоиме еден амандман на уставот во кој ќе напишеме дека немаме тероторијални претензии кон соседите, да го смениме знамето и тогаш портите на ЕУ за нас ќе бидат шриум отворени… И така, тоа трае до денес, како во 1001 ноќ. Ако промената на уставот беше евроинтегративен фактор ние денеска ќе претседававме на ЕУ! Не, наметнатите уставни измени не одат рака под рака со европската демократија – рече Силјановска.

    Таа рече дека Европската Унија, за да биде вистинска политичка заедница, мора да ги почитува европските вредности. Во спротивно нема да биде голема идеја и пракса, туку само бирократска машинерија на меѓувладини тела на европските држави.

    Коментирајќи ја дебатата за „лажни вести“, таа рече дека ќе им понуди една вистинса вест: Она што се бара од нас е спротивно на европските вредности!

    – Лажна е дилемата запад или исток. Една е дилемата – дали Македонија ќе биде се што имаме иле се што немаме. Дали ќе бидеме мала демократска држава или протекторат – рече Силјановска.

    Според неа, преамбулата не е гаранција за малцинските права, туку ја содржи филозофијата на уставот и неговито дух, кој за жал веќе го нема.

    Таа упати прашпање: „Од кого ни извира нам легитимитетот за уставни изменим од ЕУ или од граѓаните? Дали тоа го истакнавте тоа на последните избори, прашуваат граѓаните. Треба ли да ги прашаме дали се за ваква измена? Вие од владата ги прифативвте исмените, преговарачката рамка, Протоколот, но не можете да преземате надлежности на Собранитео. Чл. 120 предвидува одлука за влагување во ЕУ со дветтротинско мнозинстов, како и референдум. Вие го изгласавте Францускиот предлог со 68 гласа во Собранието, па сега бујрум, со тој реузлтат усвојте ги измените – рече Силјановска.

    Таа потсети дека Македонија од од 2009 година наваму добила барем 15 пати „да“ од ЕК и ЕУ.. Во ниту еден извештарј нема ниту збор за тоа дека ги нема Бугарите во Уставот, а ниту Бугарија, која секогаш се фали дека прва не признала, никогаш не го поставил тоа прашања. Таа рече дека во македонскиот устав има суштинска гаранција за правата на малцинствата, но таа не е во преамбулата.

    – Ние не сме против ЕУ, а не не сме ни против Бугарија, но чл. 8 на Лисабонскиот договор повикува на рецпироцитет во меѓународните односи. Бугарија е потписник и ја има ратификувано Рамковната конвенција за правата на малцинствата, но не ја почитува – рече пратеничката Силјановска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img