More

    Уставниот суд со пет гласа „за“ и два „против“ донесе времена мерка да се одложи примената на Упатството на Министерството за правда со кое се предвидува вметнување графа за етничка припадност во изводите од матичните книги

    spot_img

    По речиси двочасовна расправа Уставниот суд со пет гласа „за“ и два „против“ донесе времена мерка да се одложи примената на Упатството на Министерството за правда со кое се предвидува вметнување графа за етничка припадност во изводите од матичните книги, а постапката за  оценување на уставноста на Упатството да продолжи.

    Министерот Кренер Лога по ваквата одлука изјави дека Уставниот суд „ја отворил Пандорината кутија“, зашто во многу наврати не бил почитуван уставниот рок за објавување на подзаконски акти во Службен весник.

    Против ваквата одлука на Уставниот суд гласаа и судиите Насер Ајдари и Фатмир Скендер.

    Професорката по уставно право и поранешната министерка за правда Рената Дескоска оцени дека е добра вест“ одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за изводите од матичните книги во кои има графа за националност.

    Според неа, ова упатство треба да се поништи. Таа наведува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците. Во матичните книги го има податокот за етничка припадност, но не смее да го има во изводите кои ги добиваат граѓаните.

    „Етничката припадност спаѓа во групата на сензитивни податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, напиша Дескоска на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img