Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

– Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2011, 52/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014,61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016) – информираат од Уставниот суд.Подносител на иницијативата е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно исклучиво право за организирање електронски игри на среќа и интернет игри на среќа.

Според наводите во иницијативата, со вака пропишаната законска одредба, Републиката ги оневозможува приредувачите на игри на среќа да се стекнат со право да организираат електронски и интернет игри на среќа, а што е спротивно на член 55 од Уставот со кој се предвидува дека слободниот пазар и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон само за одбрана на Републиката, природата, животната средина и здравјето на луѓето, а спротивно и на основниот принцип според кој се забрануваат монополи.

Share This Article