Уставниот суд го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од Владимир Панчевски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основен Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки.

Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови сѐ уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд  да ја цени основаноста на поднесеното барање.

Подносителот Панчевски, преку полномошникот Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување.

Share This Article