More

    Уставниот суд донесе укинувачка и поништувачка одлука на денешната седница за предметите од Законот за судски совет и Одлука на Општина Куманово

    spot_img

    Уставниот суд го укина член 8 став 3 во делот „кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија“, од Законот за Судски совет на Република Северна Македонија.

    Целосната одредба гласи дека претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.

    Судот оцени дека е неуставно ограничувањето на изборот на претседателот и негов заменик на Судскиот совет само на членовите кои се избрани од Собранието, додека останатите членови на Советот со право на глас се исклучени.

    Според Уставниот суд, укинатиот дел од наведениот член е спротивен на владеењето на правото и поделбата на државната власт.

    Со оглед дека се работи за предмет оформен во 2020 година, а претходно два пати беше одложуван поради недобиено мнозинство, денеска со истиот предмет беше дополнет дневниот ред.

    Предметот У.бр.233/2020 е оформен по поднесена иницијатива од страна на Панче Докузов на 17.07.2020 година.

    2. Во врска со предметот У.бр.82/2022 ве информираме дека Уставниот суд ја поништи Одлуката на Општина Куманово со која се овозможува да се градат станбени згради надвор од централното градско подрачје, односно: „Одлука за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година. Поништен е и Заклучокот бр.08-5915/1 донесен на 12 јули 2022 година за објавување на Одлуката во која се содржани оспорените одредби.

    Судот оваа Одлука ја оценува како спротивна на владеењето на правото предвидено во член 8 од Уставот, спротивна на член 51 и член 52 став 4 кој предвидува дека законите и другите прописи не смеат да имаат повратно дејство, како и спротивна на член 23 став 1, членот 24 и членовите 55 и 56 од Законот за урбанистичко планирање.

    Имено, Уставниот суд оцени дека со Одлуката директно се влијае на веќе започнатите постапки за добивање на одобрение за градење и се наметнува обврска на граѓаните кои имаат започнати постапки, а не добиле потврда за заверка на проектната документација, повторно од почеток да ја почнат постапката.

    Уставниот суд смета дека ова води кон правна несигурност, а граѓаните се соочуваат со тешко отстранливи последици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img