More

    Уставен суд: Рефератот У.бр.4/2022 е повлечен од дневен ред за некоја од наредните седници

    spot_img

    Уставниот суд информира дека Рефератот У.бр.4/2022 е повлечен од дневен ред за некоја од наредните седници. На почетокот на денешната седница судијата-известител побара Рефератот да биде повлечен поради технички корекции. За појаснување, не се работи за повлекување на иницијативата која опфаќа „работа во недела” , станува збор за доработка на рефератот.

    Подносител на иницијативата: Стопанска комора на Северна Македонија

    Oспорен: Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.288/2021)

    Во предметите У.бр.147/2021 и У.бр.11/2022 не се донесе одлука од

    причини што предлозите не го добија потребното мнозинство гласови.

    У.бр.147/2021-Подносител: Здружение на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци

    Oспорен: Член 20 став 2, член 23 став 3, член 24 став 1 т.4 и 5 од Правилникот за облиците на континуирано стручно усовршување пречистен текст од 26.06.2020,  Oдлука за критериуми при избор на спроведувачи на континуирано стручно усовршување од 19.02.2021, Јавен повик за избор на спроведувачите на континуирано стручно усовршување за период од 2021-2025 од 19.02.2021 година.

    У.бр.11/2022-Подносител: Сашо Балабанов од Штип

    Оспорен:Уредба со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на КОВИД 19 бр.44-3324/1 од 22.04.2020 година.

    У.бр.14/2022- Судот го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија.

    Подносител: Томе Главчев,Ратко Димитровски,Зоранчо Митровски преку адвокат Петро Јанура од Скопје

    Oспорен: Обвинителниот акт КО.бр.121/19 од 14.12.2020 од Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и Решение II КОК-ООА бр.60/2020 од 14.10.2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img