Успешно тестирана вакцина против двата најсмртоносни ракови во светот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Научниците од Elicio Therapeutics произведоа вакцина која може да помогне во спречување на два од најсмртоносните видови на рак во светот – дебелото црево и панкреасот.

Преку првите студии на луѓе, откриено е дека вакцината го намалува ризикот од повторување кај сто проценти од пациентите на кои им бил отстранет туморот, но сепак имале маркери за рак во крвта.

„Иако се потребни многу поголеми студии за да се потврди ефикасноста на лекот, оваа вакцина може да ја зголеми стапката на преживување кај ракот на дебелото црево и панкреасот“, изјавија научниците за Дејли Меил.

Стапката на преживување во овој момент по пет години е само 12,5 проценти за рак на панкреасот или 63 проценти за рак на дебелото црево. Позитивната страна е тоа што за разлика од другите експериментални вакцини за рак во развој, оваа не треба да биде прилагодена на секој пациент, што ја прави подостапна и поевтина.

Што се однесува до самите тестови, тие се направени на 25 пациенти кои имале рак на панкреасот или на дебелото црево. На сите им беа отстранети туморите хируршки, но сепак во крвта имаа биомаркери за рак, што доведува до висок ризик за враќање на болеста.

„Ова е период кога личноста која за жал не е излечена има најмалку рак во својот систем“, рече Паштон Каси, директор на истражувањето за рак на дебелото црево во Weill Cornell Medicine.

Вакцината користи два пептиди, G12D и G12R. Тие се врзуваат за албумин, протеин во телото кој ги транспортира масните киселини до лимфните јазли. Албуминот и помага на вакцината да патува директно до лимфните јазли, каде што го активира имунолошкиот систем. Ова се разликува од другите пептидни вакцини, вели Каси, бидејќи слични вакцини имаат бајпас пат, односно патуваат до органи што не им се потребни и се деградираат во тој процес.

Во текот на лекувањето, вакцината се инјектира и на рацете и на нозете, односно се даваат вкупно четири инјекции неделно во период од четири недели. Пациентите го продолжија овој процес секоја втора недела две недели, а потоа направија пауза пред да започнат со тримесечниот бустер. Фазата после вакцинацијата е неопходна бидејќи по одредено време имунолошкиот одговор на вакцината слабее.

Share This Article