More

    Услов на ВМРО-ДПМНЕ за евентуално да гласа за уставните амандмани би бил влада без ДУИ до избори и уставните амандмани да станат ефективни тогаш кога земјава ќе стане членка на ЕУ

    spot_img

    Услов на ВМРО-ДПМНЕ за евентуално да гласа за уставните амандмани би бил влада без ДУИ до избори и уставните амандмани да станат ефективни тогаш кога земјава ќе стане членка на ЕУ – изјави лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски денеска од Кочани.

    – Од лидерската средба вчера важно е да констатираме дека во овој момент Владата го нема потребното мнозинство во Парламентот за уставните измени што ги прифати пред една година без да биде консултирана опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ. Кога се нудеше ВМРО-ДПМНЕ тие го одбија, кога предупредуваше тие го игнорираа и потоа кога нудевме континуирано решение тие решенија ги игнорираа – рече тој.

    Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот под бугарски диктат.
    – Како одговорна политичка партија и како одговорни политичари секогаш сме подготвени да разговараме кога станува збор за иднината на нашата татковина. Таков беше и разговорот на лидерската средба со Ковачевски. Од негова страна беше дадена понудата да отстапи пет министерства кои во овој момент ги управува владата на СДСМ и да му ги понуди на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат на тоа ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на уставните амандмани, да се завршат тие амандмани, да се отпочнат преговорите, и потоа така да се оди на избори – рече Мицкоски.

    Повтори дека одговорил на тоа дека ја прифаќаат понудата ВМРО-ДПМНЕ да учествува во идната влада до избори, но под одредени услови.

    – Прв услов е конечно Македонија да ја ослободиме од ДУИ. Таа нема потреба да биде во таа условно кажано преодна влада. Го поздравувам потегот на Бујар Османи што тоа го прифати во името на ДУИ. Кога станува збор за уставните амандмани, еве да речеме да го прифатиме гласањето за тие, но да биде одложен ефектот, односно со одложено дејство. Практично околностите нема да се променат, нема да имаме промена на Устав, тие амандмани нема да бидат дел од тој устав, сè до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ – рече Мицкоски.

    На тој начин, според Мицкоски, се заштитува нашиот идентитет, и на тој начин ние кажуваме дека нема отстапки што ќе можат да му наштетат на нашиот идентитет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img