More

    Уште се толкуваат првите резултати за газираната вода во Хрватска

    spot_img

    Стигнаа првите резултати од вештачењето на шишињата и течноста од газираната вода „Ромеркеле“ во Хрватска, со која беа затруени дузина лица. Тамошните надлежни институции соопштија дека течноста има pH вредност од 2,59 вообичаена за овој тип на пијалок, е дека 20 стаклени шишиња од истиот пијалок, добиени во нивната оригинална амбалажа, имаат нормална pH вредност од 3,5.

    Извршеното вештачење сугерира дека не била проблем течноста. Од друга страна, хрватското МВР соопшти дека само шишето и чашата од кои пиело момчето во Риека е контаминирано, а не другите шишиња. Во извештајот се вели дека дека младиот Риеканец пиел средство за одмастување или детергент, односно јака киселина.

    „Резултатите од вештачењето на течноста од чашата што ја конзумирал повредениот по физичко-хемиски својства се совпаѓаат со течноста од шишето со ароматизиран безалкохолен пијалок што му е послужено, додека со анализата е утврдено дека се работи за високоалкални водени раствори. (pH=13,6)“, се вели во соопштението на Центарот за форензички испитувања и вештачења во Риека.

    Хрватскиот минситер за здравство Вили Берош на пресконференција денеска ја смируваше јавноста велејќи дека „можеби сето ова нема врска со Кока Кола“.

    – Се чини дека ова е само еден докажан случај. Тоа е средство за перење садови или одмастување. Оваа концентрација на алкална супстанција би предизвикала штета како таа во Риека, не може да биде поблаго. Во Риека ова може да се сфати како подметнување или ненамерна грешка. Затоа дел од пациентите дошле поради паника или друга причина – изјави Берош.

    Истовремено, во Хрватска уште се чека на резултатите од загрепските примероци на „Кока-Кола“.

    Засега и официјално е потврдено дека две лица се здобиле со повреди по консумирање газирани пијалоци, едно во Риека и едно во Загреб. До вчера имало вкупно 14 сомнителни случаи, а кај четири е констатирано оштетување на хранопроводникот и устата. Во болниците во Хрватска 34 луѓе се пријавиле сомневајќи се на симптоми на труење.

    Хрватската „Кока-Кола“ вчера потврди дека од пазарот привремено ја повлекува половина литарската серија „Coca-Cola Original Taste“ во пластична амбалажа и две ограничени серии „Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate“ од 330 милилитри во стаклена амбалажа.

    Хрватскиот Државен инспекторат (ДИРХ) привремено и забрани на Кока-Кола Хрватска пласман на производите на пазарот и нареди да се повлечат сомнителните производи поради сомневање дека пијалоците, по чие консумирање неколку лица побарале лекарска помош, се небезбедни.

    По објавувањето на резултатите, со соопштение се огласи и производителот на пијалоците, „Кока-Кола Хрватска“.

    „По извршената анализа на Coca-Cola Original Taste (0,5 L и 2 L) во пластична амбалажа, Државниот инспекторат на Република Хрватска и официјално потврди дека наведените производи се безбедни за консумирање. Работиме според највисоките стандарди за квалитет и здравје, а овие независни анализи ги потврдуваат резултатите од нашата внатрешна истрага, која покажа дека нема отстапувања или отстапувања од највисоките стандарди во производството на некој од нашите производи.

    Во врска со едно шише Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330ml поврзано со случајот, во тек е форензичката анализа. Шишињата од споменатата серија привремено се повлекуваат од пазарот во интерес на јавното здравје“ – стои во соопштението од Кока-Кола Хрватска, пренесуваат хрватските медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img