More

    УШТЕ 19 ДЕЦА ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ СО ХОРМОН ЗА РАСТ Обезбедени се дополнителни финансии

    spot_img

    Здружението на граѓани „Раст“ денеска остварило средба со директoрот на Унивсрзитетската детска клиника д-р Реџеп Мемеди и со советникот на премиерот д-р Игор Николов.

    На средбата, информираат од здружението, биле информирани дека се обезбедени финансии и ќе се лекуваат дополнителни 19 деца или вкупно 168 деца со хормон за раст.

    „Изминатите години бевме сведоци дека бројката на лекувани деца беше помала, а листата на чекање поголема. Здружението ќе продолжи со својата работа заедно со здравствените власти да се обезбеди терапија за секое дете кое има потреба од лекување со хормонот за раст“, истакнуваат од „Раст“.

    Од здружението искажуваат благодарност за соработката и разбирањето на проблемите на нивните пациенти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img