Урсула фон дер Лајен, преку Твитер објави пет санкции што Европската унија и ги воведува на Русија но и на Белорусија!!

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преку Твитер објави пет санкции што Европската унија и ги воведува на Русија за нападот врз Украина.

Да потсетиме, првата санкција е насочена кон 70 отсто од рускиот банкарски пазар и клучните државни компании, додека втората цел се санкции против тамошниот енергетски сектор, исклучително важен сектор за нормално функционирање на руската држава.Следната санкција се однесува на забрана за продажба на авиони и опрема на руски авиокомпании, а Русите исто така ќе имаат ограничен пристап до клучните технологии, како што се полупроводниците.На крајот, руските дипломати и бизнисмени повеќе нема да имаат повластен пристап во ЕУ.Лидерите на ЕУ се договорија за санкции против Москва насочени кон 70 отсто од рускиот банкарски пазар и клучните државни компании, објави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во твит рано во петокот.За потсетување, американската влада нешто порано воведе санкции за најголемата руска банка Сбербанк, соопшти американското Министерство за финансии.

Американските институции мора да ги затворат своите сметки во Сбербанк во рок од 30 дена.Сбербанк, во мнозинска државна сопственост, е најголемиот доверител на руската економија и банката со најмногу штедни влогови.Американскиот претседател Џо Бајден претходно најави мерки против втората по големина руска банка ВТБ.

САД воведоа санкции и за Белорусија, која е вклучена во инвазијата на Украина.

Share This Article