И по една недела од бесправната градба на улица „АСНОМ“,која предизвика одронување на цел коловоз и прекин на водоснабдување на половина Охрид нема реакција од Јавното Обвинителство Охрид. Инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид,кој излегол вон проектаната документација и дозволата за градба,мрава не го лази, тој можел све ,зад него стоела ДУИ и ќе правеле како што сакале,а општинските власти не им можеле ништо,отсвем да пишат со пенкало!!
УРБАНАТА МАФИЈА НА ДУИ ГО ПРЕКОПА ЦЕЛ ОХРИД , ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ?
Кривично правниот наста кој се случи на ден 14-07-2022 година во кој се јавува ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид ,само е дел од дивеењето на фирмите на ДУИ изминативе години во Охрид, која ја прели чашата кај граѓаните на Охрид.
Јавна тајна е дека неколку фирми во Охрид предводени од фирмата Нефи ИК ДООЕЛ Охрид во сопственост на советникот во Совет на Општина Охрид ,сосптвеници се на над 50 дивоградби за кој бараат легализација.Трагикомична беше состојбата со фамозната Бетонска база ,кога градежниот испекторат под притисок на јавноста поднесе кривична пријава за нелегална градба , но под страв од фамозниот сосветник пријавата е поднесена против непознат сторител, и така до недоглед!!!
Ниту законот за безбедност во сообраќајот не е на важност кога се во прашање возилата од предметната компанија,се вози како се сака , вози секој што има мерак за возење, кој патем нема ниту било каква дозвола за управување на камиони,едноставно дете имало желба да вози и ќе вози,а кога сообраќајната полиција ќе се сретне со нив, сообраќајците ја вртат главата, не сакале да имаат проблеми со Нефи, братуџедот бил помошник началник на СВР Охрид ,ќе ги казнувал!,и така со години…
ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид миленик на Обвинитеслтво и на МВР?!
Предметниот кривично правен настан на улица АСНОМ во Охрид предизвикан од ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид ни малку ниту е мал ниту е наивен.ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид псотапил спротивно на дадено одобрение за градба, ја проширил градежната парцела без одобрение со што предизвикла тешко кривично дело против Безбедноста на граѓаните , на начин што го оштетил целосно головозот во радиус од 200 метри,за чија санација ќе треба подолг веменски период и поголеми парични средства ,а извршил оштетување на главната водоводна артерија која врши водоснабдување на половина град Охрид.До колку ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид не сака да изврши санација на сообраќајница и главна водоводна артерија,Општина Охрид ќе биде принудена да изврши санација на терет на буџетот на граѓаните на Охрид ,за што според градежните експерти кој ги контактираше ОхридСкај ќе бидат потребни околу 200.000 евра .
Експертите децидни,дека доколку не се изврши експресна санација на дел од улицата АСНОМ,при обилни дождови,ќе дојде до лизгање на земјиштето кое се заканува да ги зафати и соседните згради и може да настанат фатални последици врз имотот и здравјето на граѓаните кој се непосредни соседи до објектот на ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид.
Општина Охрид со кривични пријави против ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид!
Како што дознава редакцијата Охридскај, Општина Охрид на фирмата ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид издала решение за стопирање на градежни активности и решение за санација на сообраќајница и водоводна мрежа на Улица АСНОМ на фирмата ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид.Општина Охрид е решена комплтно да се справи со урбаниот хаос предизвикан од неколку градежни компании во Охрид, но како што брифираат за жал Јавното Обвинителство не постапува по нивните пријави и токму затоа се ваквите настани на копање и градење како ќе им падне на памет на заштитени поединци од ДУИ,кој дивеаат веќе една деценија низ Охрид.