Урбан алпинист загинал по пад од 68 кат од зграда во Хонг Конг

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Французинот Реми Луциди (30) починал во четвртокот кога паднал од висока станбена зграда во луксузниот кварт Мид-Ливелс во Хонг Конг.

Според неговите објави на социјалните мрежи, Луциди се искачувал на различни високи структури низ светот.

Полицијата истражува дали Луциди починал додека се занимавал со екстремни спортови.

Дејли Мејл пишува дека полицијата била во хостелот „Цим Ша“ каде што престојувал Французинот. Тој се пријавил во хостелот на 17 јули и требало да замине денеска.

 

 

Извор запознаен со случајот претходно рече дека Луциди, кој го користел името „Реми Енигма“ на своите страници на социјалните мрежи, последен пат бил виден жив како тропа на прозорецот од пентхаус на 68 кат на кулата Трегунтер околу 19:30 часот во четвртокот.

Исплашена куќна помошничка во станот повикала полиција на помош кога на прозорецот се појавил маж.

- Advertisement -
Ad image

Луциди паднал од зградата на патеката Трегунтер пред да пристигнат полицајците и бил прогласен за мртов на местото на настанот. Полицијата ја пронашла неговата спортска камера во која имало снимки од екстремните спортови.

Изворот рекол дека е можно Луциди да бил заробен надвор од пентхаусот додека вежбал и да тропнал на прозорецот за помош пред да падне во смрт.

Полицијата соопштила дека Луциди пристигнал во кулата Трегунтер кратко по 18 часот во четвртокот и му кажал на чуварот дека оди кај пријател на 40 кат. Влегол во лифтот пред обезбедувањето да открие дека станарот не го познава.

- Advertisement -
Ad image

На снимката од безбедносните камери се гледа како Луциди излегува од лифтот на 49 кат и подоцна бил забележан на скалите на горниот кат.

Чуварите исто така откриле дека бравата на последниот кат била насилно отворена, но не можеле да го лоцираат.

Фотографијата објавена на Инстаграм на Французинот пред пет дена беше насловена како „Хонг Конг“. Фотографијата е направена од Тајмс Сквер во заливот Каузвеј. Вчера неколку корисници на Инстаграм под фотографиите на Французинот коментираа: „Почивај во мир“.

 

 

Луциди објави фотографии од различни високи згради и градби. Фотографиите објавени во текот на една година покажуваат како Луциди се качува и стои на врвот на високи скелиња и згради во Дубаи, Бугарија и Франција.

На едно видео од октомври минатата година се гледа како тој се качува на највисокиот оџак во Франција и шета по работ на 300 метри високата градба без сигурносен појас.

 

Share This Article