Најмалку 90 лица загинаа во ураганот Хелен од четвртокот на истокот и југоисточниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), објавија американските власти во неделата навечер. Потрагата по исчезнатите продолжува.
Во државата Северна Каролина загинаа 37 лица, 25 во Јужна Каролина, 17 во Џорџија, 11 во Флорида и едно лице во Вирџинија.
Ураган од четврта категорија, со скала од 5, во четвртокот вечерта го погоди копното на САД во северозападна Флорида.
Ветерот достигна 225 километри на час.
Белата куќа објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ги посети погодените области.