More

    Управен суд донесе одлука: Прием на слушатели на Академијата за судии и обвинители по изборите

    spot_img

    Управниот суд ја отфрли како неоснована тужбата на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев“ против Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако во петокот ДКСК расправаше по втор пат и одлучи да се стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели на Академијата до завршување на изборите.При соопштување на пресудата на Судечкиот сосвет беше посочено дека тужениот орган односно ДКСК постапил во целост по насоките на Управниот суд дадени во претходната одлука во поглед на утврдување на составот на ДКСК и одлучил по сите одлуки за изземање. Исто така од увидот во доказите во повторената постапка тужениот орган односно ДКСК направила компаративна анализа за правната состојба за која дал мислење во 2017 година со сегашната правна состојба и правилно утврдил дека не станува збор за иста правна и фактичка состојба за што дал доволно јасни и образложени причини на оваа околност.

    Според Судечкиот совет, сега оспорената одлука е правилно донесена имајќи го предвид фактот дека во конкретниот случај сега тужителот (АСЈО) ги повредил одредбите од неколку закони на начин што по распишување на претседателските избори на 14 февруари 2024 ја продолжил започната постапка за прием на 130 слушатели во почетната обука во Академијата, која претходно била ставена во мирување без притоа да достави релевантни материјални докази без притоа да докаже дека станува за збор за итни и неодложни работи согласно Изборниот законик. Дотолку повеќе што, како што беше објаснето, започната постапка согласно законот за АСЈО треба да заврши со стекнување статус на слушател на почетната обука на Акадеијата со засновање на работен однос на определно време со АСЈО и склучување на договор за вработување.

    Во Управниот суд денеска се одржа јавна расправа за случајот. На денешното судење од Академијата посочија дека одлуката на Антикорупциска е фокусирана на начинот на којшто ќе се изврши селекцијата на слушатели кои треба да бидат идни судии и јавни обвинители истакнувајќи дека процесот нема карактер на работен однос, туку на приемен испит.

    – За истата правна работа Државната комисија за спречување на корупцијата одлучува по втор пат. Тужителот е дел од судската власт, која не е опфатена со Изборниот законик, следствено на заклучокот на Судскиот совет за водење на постапки за избор и именување и разрешување на членови на Судскиот совет и на судии. Поради тоа, сметаме дека ДКСК со својата одлука е фокусирана на начинот на којшто ќе се изврши селекција на слушателите кои треба да бидат идни судии и јавни обвинители. Процесот кој се води пред тужителот нема карактер на работен однос, туку на приемен испит, посочи директорката на Академијата, Наташа Габер-Дамјановска.

    Процесите кои се однесуваат во рамки на правосудството, според АСЈО, мора да се автономни и институционално независни, бидејќи во спротивно би се огледал потенцијален притисок на политиката врз независноста, непристрасноста и самостојноста на судската власт во државата.

    – Во оваа смисла, постои значителна меѓународна регулатива, која инстистира на овој принцип на немешање во судската власт и која се разбира важи и за нашата држава. Пример се основните принципи на Обединетите нации за независноста на правосудството, посочија од АСЈО.

    Од Антикорупциска цврсто стојат зад аргументите кои ги достави до судот како одговор на тужбата од страна на Академијата. Претседателката на ДКСК, Татјана Димитриевска, вели наводите дека ДКСК погрешно и нецелосно ја утврдила фактичката состојба се неосновани и презентираат погрешна слика пред судот и целата јавност дека не станува збор за вработување на слушатели на почетната обука на Академијата за судии и обвинители.

    Одлуката на ДКСК се заснова на тоа дека сепак станува збор за стекнување на работен однос, за кој слушателот склучува договор за вработување на определено работно време и во периодот од две години прима плата, како и надоместоци на плата и ги ужива сите права и обврски засновани на работен однос, согласно Законот за Академија.

    – Како Државна комисија за спречување на корупција, цврсто стоиме зад сите аргументи и наводи содржани во одговорот на тужбата. Наводите кои се однесуваат дека ДКСК погрешно и нецелосно ја утврдила фактичката состојба, бидејќи не утврдила дека воопшто не станува збор за работен однос помеѓу работодавач и работник, се неосновани и истите се во насока да презентираат една погрешна слика пред судот, а претходно и пред ДКСК, како и пред целата јавност, дека не станува збор за вработување на слушатели на почетната обука на Академијата, посочи Димитриевска.

    Во однос на наводите дека ДКСК не ја утврдила разликата на работниот однос кој го склучуваат слушателите кај Академијата и кандидатите за вработување кај други јавни органи, според Димитриевска е уште еден противзаконски навод од страна на АСЈО.

    – Во член 47 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители е уредена постапката во случаи кога кандидатот смета дека погрешно му е претставен збирот на бодовите од квалификацискиот и практичниот испит, само во овој случај тој кандидат има право на правна заштита во управен спор, истакна претседателката на ДКСК.

    Поради злоупотреби од страна на државните органи, органите на државната управа, јавните установи, органи и организации со јавни овластувања, во 2020 година беа донесени измени во Изборниот законик, каде додаде нова точка која дефинира што претставува „итни и неодложни работи“.

    – Под оваа дефиниција како Државна комисија не можеме да ги подведеме вработувањата на слушателите на почетна обука, рече Димитриевска.

    Во завршните зборови, од Академијата за судии и јавни обвинители истакнаа дека не станува збор за нови вработувања кои ги опфаќа Законот за спречување на корупцијата, кој спречува вработување за време на изборен процес, како и тоа дека постапката за прием на слушатели е започната на 30 јануари 2023 година. Укажаа на фактот дека тие не ги познаваат идентитетите на лицата кои би биле вработени, како и тоа дека дополнително им претстои приемен испит.

    – Во ситуација во која имаме недостаток на 40 отсто на судии и јавни обвинители не е јасно како тужениот орган не ја гледа итноста и приоритетот за пополнување на тие места, а ја видел во 2017 година кога тој недостаток скоро и да не постоел, посочија од АСЈО.

    Димитриевска побара судот да ги земе предвид сите наводи и аргументи содржани во одговорот на тужбата и да ја потврди одлуката која ја донесе во петокот, односно постапката за прием на 130 слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители да се стави во мирување, се до завршување на изборите и формирањето на Влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img