Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со претставници на Стопанските комори, Коморите на сметководители, Адвокатската комора, ревизорски куќи и консултанти  формираше Совет за даночна усогласеност

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со претставници на Стопанските комори, Коморите на сметководители, Адвокатската комора, ревизорски куќи и консултанти  формираше Совет за даночна усогласеност.

Како што информираа од УЈП цел  е преку овој советодавен орган да се овозможи меѓусебна тесна соработка за да се  подобрат  процесите на даночна усогласеност, да се разменуваат  и идентификуваат  предизвиците со кои се соочуваат даночните обврзници мали и средни претпријатија и нивните советници и брзо да се креираат  предлог  препораки за унапредување на даночната политика и регулативите.

– Иновациите во процесите, технологиите и услугите за даночните обврзници се клучни за успехот на УЈП во новата реалност. Со агилност и флексибилност, УЈП ќе се прилагодува на брзите промени,  со цел  заедно, партнерски да обезбедиме одржливост, сигурни приходи и даночна усогласеност на сите  чинители во економијата– рече директорката УЈП Елена Петрова, која на презентираше новата визија и приоритетните проекти на УЈП -„Напред во чекор со предизвиците и реалните можности“.ласеност, Мухедин Авдиќ,  рече дека новото тело на  УЈП  ќе разгледува решенија кои би го подобриле функционирањето и ефикасноста на процесите, услугите и законските овластувања на УЈП, засновани на реалните предизвици и потребите на даночните обврзници.

– Со тоа ќе се овозможи помал јаз во знаењето и разбирањето, ќе се делува проактивно за спречување на грешки во плаќањето даноци и ќе се зајакнува даночната усогласеност. Советодавното тело ќе разгледува документи кои се однесуваат на мониторинг и анализа на примената на даночните регулативи. При тоа соработката може да ги вклучи и судските органи кои се вклучени во решавање на даночните спорови. Со тоа се поттикнува усогласено разбирање на даночната регулатива и спроведување на даночната политика, но и можност за носење заклучоци за подобрување – истакна Авдиќ во обраќањето пред присутните.

Советот, како што појасни  ќе се фокусира на подобрување на ефикасноста на услугите, преку организирање на настани како тркалезни маси и работилници, кои ќе го унапредат знаењето на учесниците за новите регулативи и најдобрите практики во областа на даночната усогласеност.

Советот ќе се фокусира и на етичкиот аспект на даночната пракса, поттикнувајќи одговорно однесување и почитување на законите, како од страна на даночните обврзници, така и од страна на даночната администрација.

Share This Article