More

    Унијата ќе мора да купува нафта и гас за да го намали трговскиот дефицит со САД

    spot_img

    Доналд Трамп изјави дека ќе воведе царини за Европската унија доколку Унијата не го надомести својот „огромен“ трговски дефицит со САД.

    „Ѝ кажав на Европската унија дека мора да го надополнат својот огромен дефицит со Соединетите Држави со купување на многу од нашата нафта и гас. Во спротивно ќе има ЦАРИНА до крај!!!““, напиша тој на социјалната мрежа „Вистина“.
    Европската унија сè уште не изразила јасен план за тоа како да се избегне трговска војна со САД доколку Трамп навистина воведе царини за стоки и услуги кои доаѓаат од блокот, како што се закани.

    Во 2022 година, извозот на стока на САД во Европската унија беше проценет на 350,8 милијарди долари, што е зголемување од 28,8 отсто (78,5 милијарди долари) во однос на претходната година. Трговскиот дефицит на стоки на САД со ЕУ изнесуваше 202,5 ​​милијарди долари во 2022 година, што е намалување за 7,3 отсто (15,8 милијарди долари) од 2021 година, според американската влада, пишува Newsweek.

    Трамп во предизборниот период најави дека ќе ги зголеми царините за клучните трговски партнери. Тој рече дека Канада и Мексико ќе бидат погодени со царина од 25% за стоки и услуги извезени во САД веднаш штом ќе ја преземе функцијата во јануари. Исто така тој, најави и дека ќе воведе дополнителни 10%о царини за кинеските производи кои влегуваат во САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img