Унијата е спремна повторно да ја отвори својата амбасада во Дамаск

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европската унија (ЕУ) мора да ги засили односите со исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која е на власт во Сирија по соборувањето на Башар ал Асад, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Сега мора да го зголемиме интензитетот на нашиот директен ангажман со ХТС и со другите фракции – рече таа по состанокот во Анкара со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Шефот на европската дипломатија, Каја Калас, претходно од Стразбур посочи дека ЕУ е подготвена повторно да ја отвори својата амбасада во Дамаск, нешто повеќе од една недела по падот на режимот на Башар ал Асад.

Урсула фон дер Лајен рече и дека ЕУ и нејзините сојузници „не можат да дозволат повторно оживување“ на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија, која никогаш не била целосно искоренета.

Ризикот од повторно оживување е реален, рече таа, нагласувајќи дека „единството на сириската нација мора да се почитува и да се заштитат малцинствата“.

Фон дер Лајен нагласи дека ЕУ ќе ослободи дополнителни милијарда евра за финансирање и за помош за бегалците во Турција.

– Дополнителни милијарда евра се на пат за 2024 година. Оваа сума ќе се користи конкретно за финансирање на здравствената заштита и на образованието на бегалците во Турција. Тоа ќе придонесе за миграцијата и управувањето со границите, вклучително и за доброволното враќање на сириските бегалци – рече таа.

Претседателката на Европската комисија додаде дека овие пари може да се приспособат на новите потреби, во зависност од развојот на ситуацијата на терен.

Share This Article