More

    Унгарците ѝ откажаа средба на Бербок

    spot_img

    Унгарија ја откажа средбата на министерот за надворешни работи Петар Сијарто со шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, закажана за понеделник во Будимпешта поради технички, а не политички причини, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

    „Поради непредвидена промена во календарот на министерот, Министерството за надворешни работи побара посетата да се одржи подоцна, се надеваме во блиска иднина. Причината е чисто техничка, а не политичка“, соопштија од Министерството.

    Германското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека е изненадено од откажувањето на најавената средба и дека е потребна „сериозна и искрена“ дискусија по вчерашната средба на унгарскиот премиер Виктор Орбан со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.

    Средбата во Москва беше прва средба на лидер на ЕУ со Путин во Москва од април 2022 година, два месеци откако Москва ја започна сеопфатната инвазија врз Украина.

    Состанокот ги налути повеќето лидери на Европската унија, кои предупредија на попуштање кон Москва, и беа децидни дека Орбан не зборува во името ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img