Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Бања Лука му врачи орден на унгарскиот претседател Виктор Орбан. Ова е највисоко признание што се доделува во чест на 9 јануари, Денот на Република Српска, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина го прогласи за неуставен.
– Ти благодарам што прифати да го примиш ова наше голема одликување. Тоа го даваме само на големите пријатели – изјави Додик.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека наградата што ја добил за него е знак на почит, но и „израз на пријателство и љубов меѓу пријателите“, пренесува Танјуг.
– Почитуван Милорад, дами и господа, ордените се главно знак на почит. Секако, ова е и знак на почит кон мене, но, како што рече мојот пријател Милорад, тоа уште повеќе е израз на пријателство и љубов меѓу пријателите – изјави Орбан откако Додик го одликува со највисокото признание.
Орбан истакна дека „тоа не го смета само за државен чин, туку дека во него има емоции и доверба, како оптимизам во однос на заедничката иднина“.
По свеченоста во Бања Лука, унгарскиот премиер истакна дека ситуацијата во ЕУ не е најдобра, но дека тоа е рамката во која српскиот и унгарскиот народ можат најдобро да напредуваат.
Тој додаде дека ќе направи се Република Српска што е можно повеќе да се приближи до најдобрата меѓународна рамка.
– Одамна требаше да се донесе одлука Босна и Херцеговина да стане членка на ЕУ, а сега одеднаш се раѓа идејата за проширување кон исток. Ова не е добра вест за Унгарија, Србија, или за Босна и Херцеговина – рече Орбан.