More

    Унгарија ја продолжи забраната за украинските производи: Без месо, масло, брашно

    spot_img

    Унгарија, која веќе најави забрана за увоз на украински житарки поради дестабилизација на националниот пазар, од денеска забранува и увоз на десетици земјоделски производи од таа земја.

    Според уредбата објавена вечерва во Службен весник, во Унгарија повеќе не може да се продаваат житарки и маслодајни семиња, брашно, мед, вино, леб, месо и зеленчук од Украина. Ограничувањата се во сила до 30 јуни.Владата на премиерот Виктор Орбан во саботата одлучи да го забрани увозот на жито, по примерот на Полска, за да ги заштити земјоделците.

    Европската унија ја оцени одлуката како „неприфатлива“.

    Слична мерка презеде и Словачка, а денеска се очекува Бугарија да објави ваква мерка.

    Во мај 2022 година, Европската унија ги укина царинските давачки за сите производи увезени од Украина за една година и договори да дозволи извоз на нејзините резерви на жито по затворањето на поморските патишта преку Црното Море поради руската инвазија.

    Меѓутоа, наместо да бидат транзитни земји, пченката, пченицата и сончогледот од Украина се акумулираа во соседните европски земји поради логистички проблеми, што доведе до пад на локалните цени.

    „Всушност, голем дел од овие производи не стигнуваат до трети земји, туку се продаваат по пониски царини во рамките на ЕУ, според унгарскиот декрет, кој додава дека оваа конкурентска предност предизвикува сериозни нарушувања на внатрешниот пазар на земјата.

    Унгарија продолжува да дозволува транзит на украинско жито, но ќе бидат воведени многу строги процедури на граничните премини за да се обезбеди електронско следење додека минуваат низ унгарска територија.

    Во случај на прекршок, може да се изречат парични казни, кои би можеле да ја достигнат вредноста на целата испорака.

    Полска првично го забрани влезот на жито и земјоделски производи од Украина, но вчера постигна договор со таа земја да го врати транзитот на тие производи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img