More

    Украла над милион евра! Награда од 37.500 евра за оној што ќе ја лоцира

    spot_img

    Полицијата во Штутгарт трага по жена (42) која е осомничена дека во октомври годинава украла повеќе од милион евра користејќи ја работата во компанија за транспорт на пари, па поради тоа се нуди награда од 37.500 евра за информации кои ќе доведат до нејзино апсење.

    Наводно, се споменува дека се работи за жена од просторот на поранешна Југославија. Засега не е познато каде се наоѓа жената. Познато е дека пред да го изврши злосторството живеела во Штутгарт, но по овој неверојатен грабеж и се губи секоја трага.

    Меѓу нејзините карактеристики наведени од полицијата, осомничената има неколку тетоважи по целото тело, особено на рацете.

    – Наградата е 37.500 евра и е приватно осигурена. Секој кој знае нешто за 42-годишната осомничена се замолува да ја контактира криминалистичката полиција на +4971189905778 – соопшти полицијата во Штутгарт.

    Таа на 14 октомври годинава украла повеќе од еден милион евра од компанијата за транспорт на пари во Штутгарт каде била вработена.

    Според полицијата, жената украла повеќе од милион евра од просториите на фирмата околу 15 часот и 10 минути. Како вработена имала пристап до парите, а кражбата била забележана истиот ден. Полицијата во своето соопштение не наведува како 42-годишната жена успеала да извади толкава сума на пари од фирмата. Со оглед на тоа дека нејзината локација не е позната, можно е да се наоѓа во некоја од земјите на поранешна Југославија, претпоставува полицијата.

    фото: Polizeipräsidium Stuttgart

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img