Украинците тврдат дека уништиле руски воен брод

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинската армија соопшти дека голем руски брод е уништен во близина на јужниот пристаништен град Бердјанск.

Во објава на Фејсбук, украинската морнарица наведува дека големиот десантен брод „Орск“ бил погоден и запален утринава во Азовското Море.

– Големиот десантен брод на Црноморската флота на окупаторите „Орск“ е уништен во пристаништето Бердјанск, кое беше окупирано од Русија – се наведува во пораката.

Украинските медиуми јавуваат дека еден руски брод потонал, а два горат, како и дека биле погодени складиште за муниција и складиште за гориво.

Оваа информација не може да се потврди од други извори.

Русија пред неколку недели го освои Бердјанск, кој се наоѓа помеѓу Крим и опколениот град Мариупол, и го користи пристаништето за полнење гориво.

 

Според Мајкл Хоровиц, геополитички и безбедносен аналитичар од Институтот „Ле Бек“, Русија неодамна почнала да го користи пристаништето Бердјанск за истовар на воена опрема, пренесува Гардијан.

Хоровиц сугерираше дека бродот можеби гори, но тој не можеше да потврди. Други непотврдени извештаи тврдат дека складиштето за муниција, како и неколку бродови на руската морнарица, биле погодени од ракетен напад.

Високиот советник на Министерството за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, на неговиот официјален профил на Телеграм објави фотографија на која наводно се гледа густ чад како извира од пристаништето.

– Магацин со ракетно и артилериско оружје во Бердјанск, кој беше окупиран од Русите – напиша тој покрај фотографијата.

Украинската медиумска куќа „NEXTA TV“ објави дека се зборувало дека биле погодени руски бродови, но се чека таа потврда, пренесува Гардијан.

 

 

Share This Article