„Украинците се потиснати од Доњецк“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Врховниот командант на вооружените сили на Украина (АФУ) Валериј Залужни ја призна загубата на градот Мариинка од страна на украинските војници, кој беше заземен од руската армија. Тој ова го соопшти денеска, неволно, за време на пресконференција.

– Градот Мариинка повеќе не постои. Украинските трупи се повлекоа од западната периферија на градот: на некои места копаа во близина на Мариинка, а на други малку подалеку – го цитира Залужни украинското издание Glavred.

Девастирачки слики од градот во кој некогаш живееле 10.000 луѓе се појавија на социјалните мрежи. Залужни информираше дека Мариинка е уништена „улица по улица, куќа по куќа. Мариинка повеќе ја нема“.

Според Залужни Русите ја освоиле Мариинка по две цели години, а можат да ја освојат Авдиевка северно од Доњецк, за „два до три месеци“. Одбраната ќе стои што е можно подолго, додаде тој. Залужни го окарактеризира фронтот долг 600 милји како „ќорсокак“. Неговиот повик упати да му се испратат сите расположливи ресурси додека Русија добива на сила некои медиуми го окарактеризираа како „очајнички“.

Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за заземањето на градот, велејќи дека украинските војници сега се потиснати од Доњецк и дека сега имаат „способност да се преселат во поширока оперативна област” во регионот на Доњецк.

Во извештајот на Шојгу тој го известува Путин дека руската армија напредува на сите фронтови и дека ги постигнала своите цели за 2023 година, пишува Њузвик.

Украина го користи градот како одбранбена бариера од 2014 година, кога борците поддржани од Русија зазедоа големи делови од источните региони Доњецк и Луганск. Во последните неколку недели, руските сили ги засилија нападите на неколку клучни области на бојното поле долго повеќе од 1.200 километри.

Заедно со Маријинка, тие се обидуваат да ја опкружат Авдиевка.

Генералот Залужни денеска негираше дека армијата издала барање за мобилизирање колкав било конкретен број војници, откако претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дкеа армијата размислува да регрутира половина милион дополнителни мажи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article